Услови на користење
Политика за приватност
За време на Вашата посета на веб страната на www.shopnono.mk, можно е од Вас да биде побарано да дадете лични информации што се однесуваат на Вас (име, презимe, адреса на е-пошта, адреса за испорака на производи итн.) за обработка на вашите нарачки.
Сите лични податоци што ги пријавувате се чуваат исклучиво и само за вашите трансакции со нас, за комуникација и за подобрување на обезбедените услуги, и не смеат да се користат од трета страна (со исклучок на она што е предвидено со Закон само за надлежните органи).
За секое прашање, предлог или изјава поврзана со овие прашања, Ве молиме контактирајте не на hello@shopnono.mk
Во секое време, корисникот го задржува правото на информации или да се спротивстави на понатамошната обработка на неговите податоци во согласност со важечката законска регулатива за заштита на личните податоци.
Политика за испорака
Нарачаните производи се испорачуваат со приложена испратница, a електронската фактура за извршеното плаќање се испраќа по електронска пошта.
Испораката на сите производи се врши на онаа адреса која е наведена од страна на потрошувачот. Доколку службата за испорака не го пронајде потрошувачот на наведената адреса за испорака, курирот е должен да остави писмено известување или пак да Ве контактира на Вашиот телефонски број.
Нарачките пристигнуваат во рок од 3-5 работни дена (на територија на Република Северна Македонија), од моментот на потврдата на купопродажбата.
Секој потрошувач е должен да ја провери пратката за евентуални оштетувања при транспорт или доколку некој производ недостасува. Производите се заменуваат само под условите пропишани во законот за заштита на купувачите.
Сите нарачки кои имаат вкупен износ над 3000 денари се со бесплатна достава.
Политика за замена и враќање на производот
Производот кој што сте го купиле/нарачале може да биде вратен доколку:
- Ви е испорачан производ кој не сте го нарачале;
- Испорачаниот производ не одговара на описот на производот на нашата веб страна;
- Купен/испорачан е производ кој има видливи грешки или оштетувања.
Враќањето се врши лично во нашата продавница или со курир по ваш избор, на свој трошок. Производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета. Потрошувачот е одговорен и за правилно пакување на производот за да пристигне во совршена состојба.
Производот може да биде вратен во рок од 14 дена со приложување на фискална сметка или фактурата со која сте го добиле.
Враќањето на производите на кои има видливи грешки или оштетувања се трошок на ЊОЊО, но само откако потрошувачот испрати релевантни фотографии по електронски пат кои го прикажуваат проблемот/дефектот.
Ве молиме, доколку наидете на било каков проблем да не контактирате во рок од 24 часа по приемот на пратката/купувањето на производот, на нашата емаил адреса: hello@shopnono.mk со Ваши податоци (име, презиме и телефон).
Адреса за враќање на сите производи по курир:
Фрањо Клуз 3/1-5
1000 Скопје
Република Северна Македонија